Мр.СЕМА ХАЛИЛИ – Психолог со посебна лиценца во областа на психологија на здравје и психотерапија од Комората на психолози во Северна Македонија. Магистер по клиничка психологија. Гешталт психотерапевт со европски сертификати од EAGT (Европска Асоцијација на Гешталт Терапија). ЕMI Practicioner (Eye Movement Integration Therapy). Основач и претседател на здружението на психолози, советувачи и психотерапевти „КОРТЕКС“ Тетово. Преседател на Здружението EMI North Macedonia  и Менаџер на Брендот  „ЕMI North Macedonia“ .

Членка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, каде пружам психолошка поддршка на жртвите.Во исто време ангажирана како психотерапевт во Здружението за лица со ретки болести „Life of Challange“ во обезбедување психолошка поддршка, советување и психотерапија на болните и нивните семејства.

Работи и ја развивам својата практична работа во рамките на КОРТЕКС како психотерапевт-тренер, каде работи  со клиенти во индивидуална терапија, обучува психолози и други професионалци од хуманистичките правци за Гешталт терапија, води и организира обуки и семинари на различни теми од областа на психологија и психотерапија.

Во својата работна  пракса  развива интегративен пристап во психоедукација, психотерапија и советување.Континуирано вложува во својот професионален развој во областа на советување и психотерапија каде посетува работилници со разни тематски соджини, обуки и конгреси од областа на психотерапија.

Ако сте во криза и се плашите за својот живот - немојте да ја користите оваа страница, повикајте брза помош 194 или обратете се во најблиската здравствена установа до вас.