Маја
Одличен психотерапевт! Ми помогна многу во досега најтешкиот момент од мојот живот. Преку различни методи и вежби ме научи како да се справам со загубата на родител и целата анксиозност и паника која години претходно не знаев како да ја надминам. И покрај тоа што терапиите ги одржувавме онлајн, секогаш ја чувствував таа поврзаност, искреност и поддршка. Сега ја имам „контролата“ над моите мисли и не ги заборавам моите чувства. Благодарна сум што те запознав. Навистина сум благодарна за сé, мило ми е што во Македонија има млади психотерапевти што се толку посветени како тебе. Се најдобро од мене, продолжи така, сигурна сум дека ќе читам за твоите успеси.
Андреј (17 години)
Годините и времето не за секој се предизвик, но како индивидуа мојата 17та година ја поминав најтешко во мојот живот, па се надевам дека ќе биде и последна таква година. Претходно два месеци пред новата година почнав да имам деструктивни мисли, зголемен напор и претерана анксиозност. Тоа нешто го контролирав до граница каде што можев. Во текот на оваа година контролата не беше само во мои раце, па сето тоа незамисливото излегуваше насекаде околу мене, тоа можам да го опишам како нагло повлекување од сите социјални друштва, одбивање да јадам, тешкотии во секојдневната хигиена, неред околу мене и фокус смален на ниво каде што неможев да контролирам како ќе сврзам неколку збора во реченица. Во текот на моето детство имав многу трауматични случувања кои би можел да кажам дека почнаа да се изразуваат во мојата внатрешност и надворешното однесување. Едно од многуте беше врсничкото насилство кое започна се од мои 7-8 години и траеше до пред година, две. Секако благодарен сум на сето тоа што ме смени и направи во личноста што сум денес. Во 2018 по многу психички, и еден физички напад како резултат на врсничко насилство побарав помош од моите родители, и тие предложија да посетам психолог, секако за 15 годишен јас тоа беше табу, стресно и заплашувачко но секако ја прифатив помошта и појдов на две психотерапевтски сеанси исто така кај Александра кои ми ја разјасни сета таа појава, како да го контролирам стравот и да се справам со секаквите пораки од останатите луѓе кои имаат негативна цел. Во 2021(на мои 17 години) по мојот обид за самоубиство, секако моите загрижени родители ме однесоа на разговор со психологот Александра, со која се насочивме на тестови кои длабоко ја анализираат личноста, те навраќаат во детството и ја објаснуваат сегашноста. По тие неколку тестови беше утврдено дека имам депресија и анксиозност, кои што продолживме да ги раздлабочуваме и лекуваме со неделните сеанси. На почетокот имав 2 сеанси од по два часа неделно, во кои што правевме секакви вежби за да ја намалиме мојата лоша ментална слика. Во меѓувреме моите деструктивни мисли ги исфрлав од мене така што се самоповредував. Сеансите со Александра беа најдоброто нешто за мене бидејќи сета таа моја паника,страв,мисли, неисправно дишење можеше да ме научи како да ги исконтролирам во неколку минути. Водeните медитации на Александра беа најдоброто нешто за мене, бидејќи го опуштаа мојот мозок и не бев свесен за ништо туку само позитивата во тоа замислено сценарио. Александра ме научи како да ги контролирам своите деструктивни мисли и анксиозност со многу вежби кои што беа не само поучувачки туку и опуштачки за мене. После тие напорни сеанси за мене се смени многу, научив како да ги препознавам добрите работи во се, во околниот мој свет, како подобро да се организирам во врска со секојдневниот живот, како да излезам на улица и уживам во сето тоа без страв дека ќе се случи нешто неочекувано и лошо. Задоволноста од психологот Александра не можам да ја опишам бидејќи само јас знам колку добро и позитивно ми влијаеше и ги промени сите негативни навики од мојот живот. Би ја препорачал на сите луѓе што страдаат од загрозување на нивната ментална слика бидејќи добро знае да го запознае човекот, ја разграничи негативноста и те испрати како сосема нов. Одењето на психолог или психијатар не треба да биде некоја табу тема за никој, бидејќи тоа е нешто што може да ви помогне и спаси од сето тоа од кое што патите.
Менде
Се викам Менде имам 28 години. Во животот сум се соочил со многу стресни ситуации и проблеми. Загубата на таткоми на 14 години, загубата на баба ми и дедо ми, сообраќајката, како и низата комплекси кои ги имав поради мојот изглед и уште низа други стресни ситуации кои ме натераа да побарам помош од психолог. Ми ја препорачаа Александра Мицевска со која што имавме многу добра комуникација, го даде својот максимум за да ми помогне, ме ислуша и со неколку сесии покажувајќи ми различни техники, вежби успеа да ми помогне и д да ме научи како понатаму низ животот да се справувам со секојдневите предизвици. Би ја препорачал на секој кој што има потреба и можам да кажам дека е меѓу најдобрите во својата работа.
П. Л. (50 години)
Благодарност до тимот за онлајн платформата Психомедика , кои што во ова време на пандемија со нивните онлајн третмани пружаат помош од далечина онаму каде е потребна. Благодарност до психолог Наташа Бекирова. Резултатите од нејзината работа се гледаат, на мојот син адолесцент со разговорите и вежбите успеа да ја канализира лутината и бесот, да ги контролира своите емоции, со применување на вежбите за дишење и советите од разговорите.
М. М. (36 г.)
Кај Александра Мицевска започнав со сесии пред неколку месеци поради чувство на анксиозност. Ми беше страв од повторен напад на паника, па ги избегнував местата и ситуациите кои ги сметав за тригери. Исто така ги запоставував и активностите кои ми причинуваат задоволство а не знаев зошто. Ми беше страв дека тоа е нешто ненормално, но како што изминуваа сесиите низ разговорите со Александра сфатив дека многу работи ги гледав од погрешна перспектива и дека многу од „проблемите“ се всушност резултат на високите стандарди кои сама си ги поставував и не си давав подршка. Ослободувајќи се од тој терет си овозможив простор да им пристапам на вистинските проблеми со ладна глава и реакциите ми се поодмерени и активностите насочени. Сето тоа ме направи да се чувствувам посамоуверена, похрабра и посмирена. Александра е многу комуникативна, смирена и одличен слушател. Токму поради нејзиниот пристап продолжив со сесиите иако релативно брзо го надминав проблемот со стравот од панични напади, насочувајќи се кон личен развој и подобро спознавање на себе си. Како терапевт топло ја препорачувам и верувам дека ќе им помогне на многу луѓе и ќе промени многу животи.
А и Р (млад брачен пар)
Сакаме да изразиме голема благодарност за неколку годишната соработка со докторката Гордана Ристевска, за незината стручност и посветеност кон своите клиенти. Уште од првата средба кога ние мислевме светот е срушен за нас и без трошка надеж, во голема депресија и најлошото панични напади. Од детство со стресови и проблеми еден ден се прели чашата, почнаа паничните напади и депресијата, наша голема грешка по препорака одевме по бајачки, гатачки. Сé стануваше се полошо и полошо кога влеговме во нивната добро уиграна шема. Дојдовме до степен до лудило и до развод на нашиот брак. По препорака на наш роднина отидовме, во Психомедика. Бевме многу уплашени благодарение на Д-р Јане, ја согледа ситуцијата, не пушти кај Д-р Гордана на сеанси. Со нејзината милост и посветеност и професионалност не врати на вистинскиот пат.
ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ОД СРЦЕ ДО ЦЕЛИОТ ТИМ НА ПСИХОМЕДИКА
М. А (27 години)
Почитувана докторке и професорке! Разговорот со Вас беше едно прекрасно искуство и расветлување на решенијата за понатаму, верба во себе си и гордост на храброста и истрајноста, особено ако тоа е потврдено од универзитетски професор. Едноставно сфатив дека сум го правела и ќе го правам најдоброто за моето дете и моите родители…
Ви благодарам до бескрај што застанавте во одбрана на моите ставови и одлуки! Беше чест да се разговара со Вас, немав чувство дека разговарам со доктор на пиедесталот во кариерата и професијата што ја работи, Вие толку емпатично и разбирливо се однесувавте со мене, што сфатив дека разговорот со психијатар не е секогаш терапија… Разговорот со Вас ми беше како да ги растоварив дамарите на душата. Како да ве познавам цел живот, бев толку добро разбрана и сослушана. Секоја Ви чест, ви се поклонувам пред делото и струката која ја работите…
Христијан
Ја исконтактирав Александра Мицевска во најтешките моменти, денови непроспиени и преголема анскиозност. Потполно пријателскиот пристап и нејзината посветеност кон работата ја прави посебна на многу начини. Мојата анксиозност се намали, тешките денови сеуште ќе доаѓаат но справувањето со нив е многу полесно кога имате некој кој знае да ве насочи како да се спротивставите. Срдечно ја препорачувам пред се поради тоа што со неа ја отфрлив онаа стигма за што е всушност психолог. Александра е достапна во секое време и на секој начин, нејзината посветеност за да се унапредува на секое поле доволно говори колку го сака она што го работи.
Марија 25 години
Драга Јасмина,
Од кога те запознав тебе мојот живот започна да има смисла. На последната сеанса се почувствував како да ми се разубави денот и неделата. Фала ти што постоиш! ❤
Натали
Поради анксиозноста, паничните напади и стравот што го чувствував се одлучив да ја исконтактирам Александра Мицевска-психолог. Преку различни вежби и разговор,постепено ги надминував моите стравови. После работата со Александра размислувам повеќе позитивно и се обидувам работите секогаш да ги гледам од позитивна страна,чувствувам поголема самодоверба. Јас сум задоволна од нејзината работа и знаење и начинот на кој ми помогна да се се справам.
Слободан
Секој човек има право на среќен живот. Мојот живот не беше таков, беше збир на проблеми, невољи и несреќи. Почнувајќи од најрана возраст па се до денес. Се соочував со bullying, осаменост, депресија, анксиозност па се до повреди и смрт во семејството.Сето тоа остави траги на мојата личност. Бев гневен, тажен, осамен, затворен и неспособен за дружење. Многу пати се обидував да си го средам животот. Успевав само да се залажам и мислев дека е се во ред. И тоа пропадна кога добив Ковид. Затворен во соба цел месец сите проблеми се вратија и ми го отежнаа животот уште повеќе. Ми беше многу тешко и на работа бидејќи беше неподносливо да се трпи сето тоа. Имав и многу расправии поради мојата состојба. Потоа побарав помош. Прво од психијатар, но тоа не успеа па решив да побарам психолог. Добив препорака за Александра Мицевска па закажав термин и не зажалив за тоа. Со нејзина помош јас успеав да се изборам со сите мои проблеми. и јас веќе не сум истиот човек. Сега сум среќен и смирен, многу попродуктивен на работа и опуштен. Благодарение на Александра јас можам да живеам мирен живот. Презадоволен сум од неа и радо би ја препорачал на секој кој има психолошки проблеми. Таа е прекрасна личност и јас сум бескрајно благодарен што ми помогна. Сега мојот живот е како нов и функционирам беспрекорно.
А.М.
Кога не можеме да го најдеме клучот за решавање на личните или семејните проблеми, најдобро решение е да побараме стручна помош, за да можеме полесно да се пронајдеме самите себеси.
Наташа Бекирова, благодарни сме што те запознавме ❤ Секогаш спремна и достапна за разговор, во секое време. Ти благодарам што постоиш ❤ Ти благодарам што ни покажа дека сме храбри, свои, одлучни. Ти благодарам што ни ја врати самодовербата и насмевката на нашите лица ❤
Ти благодарам ❤❤❤
Сара 21 година
Во моментот кога сфатив дека не можам да се изборам сама со потешкотиите со кои се соочував, се одлучив да побарам стручна помош; а проф. д-р. Гордана Ристевска Димитровска беше таа која одговори на моите потреби, и која е заслужна за тоа што јас денес сум сеуште тука.
Психијатриската помош беше нешто ново за мене, кое навидум звучеше застрашувачко, но д-р. Гордана беше толку добра во нејзината работа што сфатив дека таа е личност на која можам да и верувам. Преку нашите сеанси таа ми помогна самата да дојдам до важни заклучоци и да се соочам со работи кои ги избегнував. Таа не само што ми помогна повторно да застанам на нозе, туку и ме научи на некои важни механизми кои сеуште ги користам кога наидувам на слични предизвици.
За време на терапијата со д-р. Гордана секогаш чувствував дека таа работи професионално, дека не направив грешка што побарав помош. Јас сум неизмерно задоволна од нејзината работа и секогаш ќе бидам благодарна на неа. До овој момент јас ја препорачував д-р. Гордана како исклучително добар психијатар на моето семејство и пријатели, а сега како таква ви ја препорачувам и вам.