Правила и услови за користење на услугите на Психомедика онлајн платформа:

  • При купување на услуга се прибираат 3 податоци: име, телефон и е-маил адреса. Името кое го впишувате не мора да биде Вашето вистинско име, додека другите податоци мора да се точни.
  • Личните податоци се користат исклучиво за контакт во врска со услугите.
  • Плаќањето на услугите се извршува од страна на посредник (Халк Банк).
  • Смеете да користите туѓа дебитна/кредитна картичка само со согласност на имателот на картичката.
  • Не смеете да злоупотребувате туѓа дебитна/кредитна картичка за добивање на пристап до услугите на psihomedika.com
  • Веб страната користи аналитички податоци за детерминирање на типот на уред, пребарувач и останати параметри од кои пристапуваат корисниците.
  • За време на користење на услугите кои вклучуваат видео разговори, аудио и видео содржината од разговорите не се снимаат.
  • За време на користење на услугите кои вклучуваат видео разговори, размената на текстуалните пораки не се зачувува.
  • За време на користење на услугите кои вклучуваат видео разговори, споделените слики не се зачувуваат.
  • Не смеете да ја снимате и сликате онлајн консултацијата со терапевтот/докторот.
  • Не смеете без дозвола да препраќате/раскажувате содржина која Ви е испратена на е-пошта или Ви е прикажана во тек на консултацијата.
  • Не смеете да малтретирате, заплашувате или вознемирувате друг корисник или давател на услуги.
  • Корисниците можат да споделуваат информации и податоци доставени на оваа страна преку социјалните мрежи на кои е регистриран Корисникот, прифаќајќи ја нивната Полиса за приватност. Преку Фејсбук / Инстаграм – специјални копчиња ги вршите овие услуги, а условите на нивно користење се во согласност со Полисата за приватност на тие компании кои гарантираат безбедно ракување со лични податоци.
  • Носител на правата на интелектуална сопственост е ПЗУ Психомедика Битола. Неовластено преземање на авторски содржини се смета за кривично дело
  • Ние се обидуваме да ја чуваме платформата за онлајн психотерапија безбедна, но Вие ја користите на Ваш сопствен ризик, без никакви експлицитни или имплицитни гаранции од наша страна. ПЗУ Психомедика не е одговорна за постапките, содржината, информациите или податоците на трети лица, а Вие нас, нашите директори, службеници, вработени и соработници, нé ослободувате од какви било побарувања и штети, познати и непознати, кои произлегуваат од, или на кој било начин се поврзани со, било какво тврдење, против било кои трети страни.
  • Ние ја цениме Вашата доверба за нашата платформа и со најголема почит пристапуваме кон Вашата приватност. Сите информации што не се наведени погоре се чуваат строго приватно помеѓу давателот на услугата и корисникот.
  • ПЗУ Психомедика не е одговорна за изгубени / изложени / искористени податоци заради природата на Интернет и дигитални средини, вклучително и незаконски активности на хакери и криминалци, технички дефекти на серверите и базата на податоци итн. Ова се прифатени ризици на нашите корисници и корисниците на Интернет воопшто. Со потврдата на оваа Полиса на приватност, Вие се согласувате со овој стандард за користење на нашата страна.
  • Корисникот кој купил услуга која подразбира видео консултација/советување, со самото плаќање на понудите од ПЗУ Психомедика односно прифаќање на понудата, е исклучено правото на поврат на средствата уплатени за дадени услуги од страна на Психомедика, согласно член 96 точка К од Законот за заштита на потрошувачи.
  • Нашата ценовна политика вклучува можност за разлики во цените во различни држави, прилагодено на стандардот на живеење во државата.
  • ПЗУ Психомедика го задржува правото да ја измени оваа изјава за приватност во секое време без претходна најава, а само тековната изјава за приватност може да се смета за важечка. Без оглед на подоцнежните ажурирања или измени во нашата Полиса за приватност, ние никогаш нема да ги користиме информациите што ги доставувате во рамките на тековната полиса за приватност, на нов начин, пред претходно известување и можност да ги повлечете информациите.