Билјана Радическа

Билјана Радическа – Психолог – дипломирано на Филозофски факултет при Универитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Минато работно искуство е како професор по психологија во средно гимназиско училиште и како психолог во приватна клиника, моментално работи како психолог во Воспитно поправен дом Тетово.
Поседува сертификат за Гешталт психотерапевт (EAGT-Европска Асоцијација на Гешталт Терапија), лиценца од Комора на Психолози на РМ, сертификат за примарно ниво на Клиничка Невропсихологија со невропсихолошка дијагностика и е една е од основачите на Здружението за психолози, психотерапевти и советувачи „Кортекс“ Тетово, кое е член на Националната мрежа против насилство врз жени и Семејно насилство, каде дава психолошка подршка на жртвите. Како психотерапевет ангажирана е од Здружението на лица со ретки болести „Life of Challange“ дава психолошка подршка, советување и психотерапија на лицата со ретки болести и нивните семејства.
Како психолог насочена е кон професионален развој во полето на психотерапијата и психолошко советување но притоа активно се вклучува на многу обуки и работилници од областа на психологијата и психотерапијата.