
Образование:
1993-1997 | Дипломиран педагог, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Институт за педагогија |
Магистер по културолошки студии, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје ЈНУ Институт за Македонска литература – Скопје | |
2014- 2016 | Семејна и системска психотерапија, системски семеен советник |
2017-2021 | Едукација за семејна и системска психотерапија-психотерапевт-Алтернатива Институт за брак и семејство |
Работно искуство:
Член на Државен совет за превенција од детско престапништво на РСМ | |
2012 до денес | УМЦСР (Меѓуопштинска јавна установа, Центар за социјална работа) – Битола водител на интегрирано водење на случај. |
1998 до 2012 | „Дом за доенчиња и мали деца “ – Битола, шест години како директор и осум години како педагог. |
Медијатор во проектот „Уметност за социјални промени“ – Европска фондација во соработка со ИООМ и Мултимедија. | |
Медијатор на пилот проектот „Мојата игра моја вистина “ – ИООМ и Мултимедија. | |
Тим лидер на проектот „Социјализација и премостување на интеркултурните разлики“ – French-German Youth office. | |
Фасцилитатор за меѓународна програма за развој на децата под супервизија на ИЦДП – Меѓународна програма за развој на деца во соработка со МТСП и УНИЦЕФ. | |
Обуки:
Обука за обучувач за семејно и родово базирано насилство и спроведување на Истанбулската конвенција Тренер за обука на наставници за претшколска и школска возраст во програмата „Чекор по Чекор“ – Институт Отворено Општество – СОРОС; Обука за примена на Портиџ системот на деца од 0-3 годишна возраст – УНИЦЕФ. Обука за „Превенција идентификација, пријавување и упатување во случаи на насилство врз децата, преглед на национални механизми за одговор“ – УНИЦЕФ. Обука за „Трговија со луѓе“ – OSCE. Обука за „Работа со деца во ризик, деца жртви и сведоци“ – УНИЦЕФ. Обука за „Правда на деца – работа со деца и семејства во ризик“ – УНИЦЕФ. Обука за „Програма за заштита од семејно насилство“ – УНИЦЕФ. Обука за „Национална обука за работа со деца и млади кои употребуваат дрога“ – Здружение ХОПС – Опции за здрав живот, Скопје. Обука за „Компетентните професионалци дел од решението на проблемот за жртвите од семејно насилство“ – МТСП и Кризен центар – Надеж. Обука за „ Меѓусекторски тимови за справување со деца жртви на насилство, злоупотреба и занемарување“ – УНИЦЕФ , ХЕРА и МТСП. Обука за „Постапување со деца со попречениот, жртви на насилство, занемарување и злоупотреба“ – УНИЦЕФ и ХЕРА. Обука за „Програма за континуиран развој на стручните лица во системот на социјална заштита – работа со маргинализирани заедници/ групи во ризик“ ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје. Тренинг за професионалци за „Меѓусекторски тим за постапување при заштита на деца од злоупотреба и занемарување“ – УНИЦЕФ и ХЕРА. |
Во изминатите неколку години, развив успешна соработка помеѓу државна институција и невладини организации коишто се занимаваат со развивање и спроведување програми за намалување на штетите од употреба на дрога, превенција од ХИВ/СИДА и други сексуално и по крвен пат преносливи инфекции, како и програми за социјално
вклучување на ранливите и маргинализираните заедници во Република Македонија.
Исто така, и со организации кои имаат цел промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.
Во периодот од 2005 до денес, активно учествувам во работните групи за креирање на едукативни материјали, едукативни програми и други активности поврзани со едукација на деца, наставници и воспитувачи, како дел од професионалниот тим на Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО – Скопје.
Исто така, секоја година учествувам во изработката на стратешкиот план за развој на едукативни програми на ОХО.