Како изгледа совршена функционална двојка?

Психомедика: Како изгледа совршена функционална двојка?

Мони Кузмановска: Терминот „совршено“ често се користи за да се опише нешто што е без недостатоци, дефекти или несовршености. Така што, би сугерирала овој поим „совршено“ да се избегнува и во многу други контексти (совршен родител, совршено дете, совршен студент итн ), но и кога станува збор за опишување на брачен пар, односно брачна заедница/партнерска релација. Повеќе би ставила акцент на нивото на нивната  функционалност. Прашањето би требало да биде: – Како оваа двојка функцинира , колкаво е нивното ниво  на исполнетост и колкаво е нивото на задоволство од таа функциналност  во контекст на различни аспекти од нивното секојдневие.

Функционален барчен пар, пред сѐ, треба да е свесен за меѓусебното потекло , да покажува и искажуваат почит кон својот партнер и прават обиди за тоа што го имаат наследено од семејствата, по потекло, да го интегрираат на свој  уникатен начин. За тоа да се случи потребно е искрена и ефективна комуникација, каде што ќе се цени и вреднува индивидуалноста , а од друга страна се вложуваат напори кон реализирање на заеднички цели.  Потребно е да бидеме многу внимателни ! Едно е кога опишуваме динамика помеѓу пар, а сосема друго е кога опишуваме динамика помеѓу пар, со едно дете, со две деца, три деца, дете со посебни потреби , две деца со посебни потреби, загуба на дете… Многу е важно да разбереме дека паровите поминуваат низ различни фази кои секако ќе имаат свој придонес кон динамиката и нивната функционалнот.

Многу едноставен пример што може да биде подлога за конфликт е кога едниот партнер израснал во семејство каде сите членови од семејството  седнувале на маса, во одредено време имаат семеен ручек, а додека пак , другиот партнер потекнува од семејсво каде семејниот ручек се случувал еднаш до два пати неделно поради работните ангажмани и не можноста тоа да се случува  често. Или пак, едноставно партнерот потекнува од семејство каде што не се ставало толку акцент на заеднички ручек, туку други моменти биле позначајни, одење во природа на пример. Фукцинален брачен пар би ја разбрал динамиката и традицијата на семејството по потекло  на својот партнер и би ја уважил важноста на истата . Но, би се тремел да направи своја стратегија, своја динамика, комбинрајќи ги убавите примери сѐ со цел на градење  на заедничко искуство и  што е уште поважно би се стремел кон  развој на  своја традиција.

 Ова е сепак едноставен пример. Но, ако кон сите предизвици  кои ќе се исправат пред брачниот пар се пристапува кон изнаоѓање на решенија низ призмата  на оваа филозофија, со меѓусебно почитување и разбирање пред сѐ на своето потекло, корени, вредносни системи така и на својот партнер, ќе им помогне на брачните парови заедно да се справат со животните предизвици. Ставам акцент на брачен пар , а Вие рековте„ двојка“. Има голема разлика кога пар се забавува, споделуваат време заедно, хедонситички настоени, а сосема е друга динамиката кога се парот се насочува кон заедиштво, дали тоа ќе биде запечатено со брак или не заедничко живеење   со себе си носи и  низа на одговорности што не се во центарот на внимание кога парот живее оддвоено.

Не смеем , а да не ја акцентирам важноста на  емоциналната врска меѓу брачните парнери. Се мисли на тоа колку се емоцинално зрели, колку си ги разбираат сопствените емоции, како менаџираат со нив, а колку ги препознаваат емоциите на својот партнер и  секако многу важно на кој начин даваат поддршка. Важен ли им  е сопствениот  раст и развој во таа релација, дали се поддржуваат  на тој пат или се разединуваат.

 Функциналните  брачни парови имаат чуство дека партнерот им е ветер во грбот многу повеќе отколку ѓуле заврзано околу ногата. Што жртвува едниот партнер за да има можност да му биде поддршка на другиот, а што прави другиот партнер за возврат. Колку воопшто се разговара на таа тема или нештата се земаат здраво за готово. Би рекла дека секој пар е уникатен на свој начин и во зависност  во која  фаза  од својот живот се , различни аспекти ќе бидат приоритети.

Но, важно е да се нагласи дека си овозможуваат индивидуална слобода, а сепак знаат да градат заедништво. Оваа рамнотежа и баласирање би довело  до похармонични моменти и исполнувачко партнерство. А, темелите на заедништо ако се добро дефинирани,  добро поставени , би им помогнале кон испробување на различни алтернативи за да се одржи тоа заедништво.

Психомедика: Кои се најчестите брачни несогласувања?

Мони Кузмановска: Како што спомнав,  секој пар е уникатен. Несогласувањата можат да варираат  тргнувајќи од нерешени семејни прашања , различни очекувања под влијание на културното и семејното потекло. Потоа следува поделба на улоги, воспитување на деца, менаџирање на финасиите, донесување на одлуки важни за иднината на семејството, сексуални погледи и потреби, интимноста, изразувањето на емоциите, нивото на образование на брачните партнери, влијанието на семејството по потекло до влијание на социјалните мрежи дури и  во некои случаи промена на приоритетите и присвојување на нови погледи кон животот.

Лепеза на предизвици можат да ја засенат функциналност на една двојка. Но, убаво е да имаат на ум дека решенија се можни, алтернативи постојат , а некогаш е  и многу лесно да се видат и внесат во секојдневието , но понекогаш е потребна стручна помош каде ќе се создаде можност  за отворена и искрена комуникација, рефидирање на вредносниот ситем и приспитување на заедничките цели и секако  обезбедување на чувство кај  двајцата партнери дека се слушнати , разбрани и вреднувани во врската.

Психомедика: Зошто се појавува љубомора во бракот?

Мони Кузмановска: Љубомората во бракот често произлегува од несигурноста и нерешените прашања од минати врски или семејната динамика.

На пример, ако едниот партнер доживеал неверство во претходната врска, многу често се случуваа таа траума да се прокетира кон сегашниот партнер што ќе доведе до љубомора.  Може да се јави ,исто така, кога  е разнишана самодовербата кај еден од парнерите,  било тоа да е после одреден период каде едниот партнер се запоставил себеси од различни причини, па сѐ до одредени болести кои знаат да влијаат на сликата за себе и да ја разнишаат самодовербата.

 Претходно ги спомнав социјалните  медиуми. Тие се честа причина за љубомора, па би прашала :-  Што овие денови се „топи“ низ вашите раце : телефонот или партнерот/ката??? – .  Затоа многу често се акцентира отворен дијалог, искрена комуникација, но и во одредени моменти професионално советување. Тоа би се направило со цел да им се помогне на паровите да се разберат овие комплексни чуства, да се разбере нивната функција  и да се трасформираат  кон зацврстување на заедништвото .

Ние луѓето сме многу кревки , кршливи  и многу често се случува над нас да „лебди“ стравот од загуба, напуштање или чуството -јас не сум доволен/а -, а со тоа се намалува  почитта и љубовта кон себе и имаме одлична подлога за развој на посесивност, контрола, манипулација, љубомора.  

Психомедика: Дали треба да се прости неверството за да се спаси бракот, ако партнерот се покае?

Мони Кузмановска: Простувањето на неверството е можно и може да го зајакне бракот доколку двајцата партнери се посветени на решавање на темелните прашања и повторно градење на довербата. На пример, ако едниот партнер залутал поради чувството на емотивна запоставеност, и двајцата треба да работат на подобрување на емоционалната интимност и комуникација и да увидат како придонеле да се најдат во таа ситуација. Ние како терапевти не можеме да им кажеме на нашите клиенти дали треба или не треба да простат  неверство, тоа го прави нивниот вредносен систем.

Вистинското покајание и посветеност на промените се клучни за исцелување  на овој вид на  рана и ние можеме да им бидеме поддршка низ тој процес и да им помогнеме кон понатамошниот раст.

Психомедика: Кои се најчестите брачни проблеми во вашите сесии?

Мони Кузмановска: Чести проблеми кои парнерите се обидуваат да ги доведат на сесија и да побараат помош  се: емоционалнито  исклучување, незадоволените потреби, проблеми со интимноста, комуникацијата ( преовладува мислењето –јас не сум разбран од својот парнер, Стопати имам кажано, од различни планети сме итн.)  финансиски стрес, а секако и различни видови на загуби кои знаат  да ја намалат функциналноста на парот и да го зголемат незадоволството. Загуба на финасии, загуба на место на живеење, загуба на близок човек, загуба на дете, не можноста да се има деца, загуба на здравје итн.  

Секојдневните предизвиции варираат од пар до пар, но дали  станува збор чувство на запоставеност  или различни очекувања, па сѐ до различен вредносен систем во однос штедење и трошење  на парите  можни се надминувањата доколку парот е волен и желен за промена.