Оаза за парови

Ако сакате да ја подобрите Вашата релација со партнерот, да изградите стабилен и ефикасен начин на функционирање тогаш дојдете во Битола и бидете дел од Оазата за парови.

Можеби започнувате нова релација и сакате сé да оди убаво од самиот почеток, можеби сакате да се запознаете подобро и да воспоставите подлабока конекција со партнерот, токму во Оаза за парови тоа ќе го добиете!

Не постои идеална релација, животот нуди различни видови на хаос, конфликти, недостиг на доверба, љубомора, досада и мисли насочени кон прекин на релацијата.

Ви гарантираме пристап до многу техники, совети и стручни ментори за креирање среќна и хармоночна врска.

Во Оазата за парови ќе откриете многу за себе, за Вашиот партнер, очекувањата од врската, како минатото влијае на сегашноста, ќе научите да ги премостите кризите колку и мрачно да Ви изгледаат, ќе развиете нови и корисни начини на комуникација, ќе ги истражувате емоциите и мислите на креативен и забавен начин.

Оаза за парови ќе Ве однесе на едно повисоко ниво кое не сте го искусиле претходно.

Секогаш е добро време за да и дадете инфузија од надеж, забава и позитивна промена на Вашата врска.

За кого е наменета Оазата за парови?

За парови кои се во брак или во вонбрачна заедница и кои сакаат да ја засилат врската

За парови кои се во криза

За парови кои се на почеток на врска

За истополови парови

За сите парови кои сакаат да научат и искусат нешто ново

Во цената е вклучено:

Три ноќевања со полн пансион во Хотел Театар, Апартмани Театар, или Староградска куќа во Битола

Воведна сесија со терапевт/ментор

Три работни сесии со терапевт за градење на вештини во партнерството

Индивидуално креирани активности за парови според способностите и интересите на партнерите

Мали подароци од нашите партнери @MabetaKosmos @Arjona’s Grazing Boxes

Терапевти кои имаат искуство во работа со парови:

Д-р Гордана Ристевска Димитровска

Мери Ганиевска

Елизабета Талевска

Јасмина Василева

Наташа Бекирова

Марија Димовска

Кристина Павлоски (достапна само онлајн)

Мони Кузмановска (достапна само онлајн)

После резервацијата ќе добиете формулар кој е потребно да го пополнат двата партнери за да можеме да направиме најдобра програма за Вас.