Како семејната приказна живее во нас – Работилница за семејни констелации

2,500 ден

📍 Локација: Битола – Хотел Театар
📅 Датум: 5 април
🕙 Време: 10:00 – 18:00

1 билет обезбедува влез на 1 личност.

Бројот на места е ограничен.

ВОДИТЕЛ НА РАБОТИЛНИЦАТА

Мони Кузмановска

дипломиран психолог
семеен и системски психотерапевт под супервизија
фацилитатор на семејни констелации (метод на Берт Хелингер)

Опис

Во Македонија често велиме: „Крушата под круша паѓа.“ Што е тоа што народот го увидел и сакал како предание да ни го пренесе? Дали тоа значи дека немаме избор? Дека семејната историја секогаш ќе ја повторуваме? И ако е така – до кога? Несомнено е дека наликуваме на нашите предци. Носиме семејни приказни – некои убави, некои помалку убави – сакале ние или не. Во нив често се содржани и:
  • нашите навики
  • нашите стравови
  • начинот на кој градиме односи
  • начинот на кој сакаме
  • начинот на кој се жртвуваме
  • начинот на кој се откажуваме од себе
  • начинот на кој го гледаме и живееме животот
Семејните констелации се метод кој ни помага да разбереме од каде доаѓаат овие обрасци и како можеме да ги промениме — за да не мора по секоја цена да робуваме на семејната историја.

КАКО НАСТАНАЛ ОВОЈ МЕТОД?

Овој пристап го развил Берт Хелингер, германски психотерапевт кој со години работел со семејства низ целиот свет. Во својата работа забележал дека во секое семејство постои одреден природен ред:
  • родителите го даваат животот
  • децата го примаат
  • секој има свое место во семејниот систем
Кога овој ред се нарушува – на пример кога детето почнува да се грижи за родителот, кога носи туѓа болка или вина – се создава внатрешен конфликт кој подоцна може да се појави како проблем во различни области од животот:
  • во односите
  • во работата
  • во здравјето
  • во самодовербата

 ШТО СЕ СЛУЧУВА НА РАБОТИЛНИЦАТА?

На работилницата, преку посебен групен процес, се прикажува вашиот внатрешен семеен систем. Не преку анализа и теорија, туку преку директно искуство. На овој начин можете да го видите својот проблем „од страна“ и често за првпат јасно да разберете:
  • зошто постојано се повторуваат исти ситуации
  • зошто привлекувате исти типови луѓе
  • зошто се чувствувате одговорни за сите
  • зошто ви е тешко да бидете среќни

 ЗА КОГО Е ОВАА РАБОТИЛНИЦА?

Оваа работилница е за вас ако: ✔️ се чувствувате заглавени во повторувачки животни обрасци ✔️ постојано се жртвувате за другите ✔️ имате предизвикувачки семејни односи ✔️ носите чувство на вина или должност ✔️ сакате да направите промена во животот Не е потребно претходно искуство. Процесот е воден внимателно и чекор по чекор.

🌿 ПРАКТИЧНИ ИНФОРМАЦИИ

📍 Локација: Битола – Хотел Театар 📅 Датум: 5 април 🕙 Време: 10:00 – 18:00 📩 Пријавување: Купете билет ТУКА – 1 билет обезбедува влез на 1 личност. Бројот на места е ограничен.

ВОДИТЕЛ НА РАБОТИЛНИЦАТА

Мони Кузмановска дипломиран психолог семеен и системски психотерапевт под супервизија